Во култниот „Аквариус“ во омилената канцеларија на „Публицитет.мк“ денеска новинарот и водител Милчо Јованоски забележа уште една реална животна приказна.
Утре на 17 март Денот на крводарителството ќе го слушнете и прочитате интервјуто со еден од годинашните добитниците на признание од Црвениот крст – Охрид по повод хуманоста и дарувањето крв ни помалку ни повеќе туку 50 пати досега.
Митко Јованоски раскажува за своето детство, за завршувањето текстилно за своето патешествие низ животот, работата во текстилна фирма и печатница, за цртањето како хоби за тетовирањето како професија од која веќе 10 години преку своето студио заработува за живот а уште од 1991 започнува да ги открива тајните на оваа уметност.
Со Митко разговаравме и за неговото семејство, за бракот со неговата Весна и двегодишната ќерка Софија која разбирливо сега е нивниот центар на светот. Има дел за нуркањето за ситните радости и таги за надежите и очекувањата. И ќе заборавевме за неговата страст кон хеви метал музиката и стил на живеење и најновото моторите.
Толку во најавава – утре по 20 часот на Публицитет,мк очекувајте го интервјуто со Митко Јованоски – хуманиот човек кој досега дарувал 20 литри крв од неговата Нулта позитив и вели дека ќе дарува се’ додека може…
Публицитет.мк