Новото издание на аудио серијалот „Мојот живот, мојот свет“ ќе ви понуди дружба со Симон Карамешиноски, кого овдешната јавност и во Сиднеј – Австралија го знае како Симе камерманот.
Човек – хроничар на Охрид од периодот на осумдесетите , па се’ до денес. Во неговата архива се зачувани стотици и стотици настани кои го обележаа животот на градот и оставија траен белег во неговиот растеж.
Во „Мојот живот, мојот свет“ Симон си ја отвори душата народски кажано и ни раскажа како е да се живее и овде и таму. Ни кажа за сите радости и таги со кои е испреплетен животот секому па и нему. За тоа како ја има прошетано Австралија долж и попреку, но и за претераната носталгија со која се борел и се бори. Од лани според австралиските закони е пензионер и ужива во ситните радости и дружбата со сопругата Вера и со внуците овде и таму од ќерките Соња и Милена а секако сега во нивниот фокус е најмалата внука Софија.
Интервјуто го правевме во Охрид, Симон веќе е во Сиднеј. Дел од фотографиите ми даде од овдешната архива а дел ни испрати од таму.
Симон Карамешиноски во „Мојот живот, мојот свет“. Автор и водител: Милчо Јованоски,сабота по 20 часот на Публицитет.мк
Публицитет.мк