Славе Николовски – Катин е голем вљубеник во својата родна Преспа, во Македонија и македонскиот народ, како и во Македонската православна црква – Охридска архиепископија и во Македонците насекаде во светот.
Тој и е познат на македонската и на меѓународната јавност по неговите бројни публикации, новинарски и научни трудови кои се посветени на Македонија и на животот на Македонците во дијаспората.
Роден на 19 август 1941 година во Долна Преспа, во куќа која во тој период ја заплискувале брановите на Преспанското Езеро, во непосредна близина на старата населба Наколец.
Утре по 21 часот во аудио серијалот „Мојот живот, мојот свет“ Славе Катин зборува за себа за средбите со Македонците ширум светот, за времето минато во Охрид, за семејството и преокупациите околу пишувањето кои често го носат преку океаните.
Автор и водител: Милчо Јованоски
Публицитет.мк