Трајан Петровски е поет, раскажувач, романсиер, публицист, преведувач.
Роден е на 31 јануари 1939 година во с. Арбиново, Охридско. Завршил Правен факултет во Скопје. Бил претседател на Советот на СВП, секретар на ДПМ. Бил амбасадор на Република Македонија во Турција, Кралството С. Арабија, Обединети Арапски Емирати и Централно-азиските држави.
Петровски деновиве беше актуелен со посланијата против градбата на регионална депонија во неговата Дебрца, а интервјуто со него – авторот и водител Милчо Јованоски го реализира уште во 2011 година во рамките на проектот РОДНОКРАЈНИ АВТОРИ на НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид.
Сабота, по 16 часот.
Публицитет.мк