Утре, понеделник 22 ноември, по 20 часот следува вториот дел од интервјуто со македонската музичка легенда Драган Мијалковски.
Драган Мијалковски некогаш жареше и палеше по македонските и тогашните југословенски фестивали на забавни мелодии. Без него не се можеше. Победуваше најмногу во Скопје, но се китеше со награди и популарност и преку настапите во Белград, Загреб, Сараево, Сплит и Опатија…
За тие негови времиња, за почетоците и детството за кое малку јавноста знае, за растењето во Скопје, првиот настап во живо, првата снимка, омилените песни и како настанале дел од нив и за тоа како ги минува пензионерските денови (од пролет до доцна есен) во Подмоље во кои вели дека има премногу време за компонирање и неговата љубов музиката , со Драган Мијалковски разговараше Милчо Јованоски.
Публцитет.мк