Во организација на Атлетскиот клуб „Охрид“ и Атлетската федерација на Македонија, утре-27 април Охрид ќе биде домаќин на вториот Меѓународен меморијален атлетски митинг „Влатко Димитров“.
Митингот се организира во чест на покојниот проф.Влатко Димитров, долгогодишен тренер на Атлетскиот клуб „Охрид“ и најзаслужен за успесите на клубот но и на македонската атлетика.
На меѓународниот митинг се очекуваат околу 300 атлетичари од Македонија но и од Бугарија, Србија, Црна Гора и Албанија. На програмата се следните дисциплини: 100, 400, 1500, 3000 метри, ( со пречки), скок во далечина, скок во височина, фрлање ѓуле, диск и копја во машка и женска конкуренција. Дисциплина на митингот ќе биде скок во далечина една од најомилените и најуспешните на Димитров како тренер. За сите учесници се обезбедени Обезбедени медали и дипломи.Митингот ќе започне во 11 и 30 часот на СРЦ „Билјанини Извори“ во Охрид.
Публицитет.мк