Младинскиот Центар Охрид (МЦО) е место каде ќе се спроведуваат програми за подобрување на благосостојбата и унапредување на личниот, социјалниот и професионалниот развој на младите.
Ќе се спроведува системска поддршка на личниот развој на младите луѓе и нивното активно вклучување
во животот на заедницата преку:
1. неформално образование: обучување и подучување на млади;
2. информирање, менторство и советување;
3. информално искуствено учење низ учество во забавни и волонтерски
активности организирани за и од млади.
Официјалното отварање на Младинскиот Центар на ден 12.10.2022г во 13х во просториите на Касарна.
Модератор: Ангела Митеска (младински работник во МЦО
Програма:
13:00 Лина Николеска – млада виолинистка од ОМУ Методиј Патчев, ќе настапи со музичка композиција
13:15 г-дин Кирил Пецаков, Градоначалник на Општина Охрид со воведно обраќање;
13:25 г-дин Зоран Илиески – Извршен Директор на Коалиција на младински организации СЕГА;
13:35 г-дин Јован Цветкоски, Раководител на Младински Центар Охрид.
13:45 Промоција на млади фотографи преку изложба на фотографии – 5 млади фотографи од Охрид: Ива Јовановиќ, Анамарија Момироска, Никола Ставрески, Анастасија Стојаноска и Христијан Јанкуловски.
За крај неформална дружба – коктел.
Ве очекуваме за заедно да бидеме дел од почетокот на едно поинакво патување кое за сите нас ќе биде предизвик, мотив и стимул за искачување на нови врвови.
Да растеме, учиме, вложуваме и градиме дома!
Коалиција на младински органзиации СЕГА е избрана младинска чадор организација која ќе гор раководи Младинскиот Центар Охрид во периодот од 3 години со поддршка на Општина Охрид.
Публицитет.мк