• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
петок, септември 12, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Актуелно

Утре во Охрид промоција на проектот „Балканска планинарска авантура“

декември 21, 2015
in Актуелно

Производот  “BALKAN HIKING ADVENTURE“ е креиран во текот на 2015 година  со поддршка на Германското Друштво за меѓународна соработка – ГИЗ , преку Сојузното Министерство за меѓународна соработка и развој на Германија – БМЗ,  со цел поттикнување на економскиот развој во пограничните области на Полошкиот, Југозападниот и Пелагонискиот регион.

 

Се состои од 37 креирани и обележани планинарски патеки на Шар Планина, Бистра, Дешат, Крчин, Стогово, Јаблница, Галичица и Баба  од кои 8 патеки се трансационални. Со погранично поврзување преку зелени премини производот станува регионален и овозможува при една посета да се доживеат три земји: Македонија, Косово и Албанија. Патеките можат да се користат како еднодневни тури или да се комбинираат во повеќедневен  активен одмор.  

Во производот се вклучени и сместувачки и угостителски објекти вдолж патеките како и места од интерес поврзани со богатото културно и природно наследство на регионот.

Покрај идентификацијата и бележењто на патеките, со цел да се подобри квалитетот на понудените услуги ГИЗ поддржа  реновирање и опремување на 8 селектирани објекти како и обуки за понудувачите на  туристички услуги. Воедно 15 млади луѓе од поширокиот регион се поддржаа со обука за професионални водичи во планина по меѓународниот ИМЛ стандард.

Во креирање на производот беа вклучени бројни чинители, активни во сегментот на планински туризам од локално, регионално и национално ниво. Самите патеки се идентификуваа  и бележеа од страна на професионални водичи во планина обединети во Македонската Асоцијација на меѓународни одичи во планина МАМВП  и активни во планинарските клубови: Љуботен – Тетово, Бурими Шар – Врањовце, Бистра – Гостивар, Дибра – Дебар, Церн Камен – Вевчани, Димитар Илиевски Мурато – Битола и алпинистичкиот клуб Патагонија – Охрид.  За потребите на БХА и креирање на нова регионална понуда за планински туризам, воспоставена е соработка на експерти за планински туризам од Македонија, Албанија и Косово,  како и погранична Координативна група.

БХА на пазарот ќе се презентира и промовира преку: водич, 6 мапи за патеките поделени по  планински масиви, телефонска апликација за Андроид и iOS платформа како и веб страница, вели проектниот кординатор Аница Палацо. 

Публицитет.мк

 

Посетеност: 82
Share
Previous Post

Денес кус прекин на сообраќајот на патот Охрид – Кичево

Next Post

„Дарувај од срце“ хуманитарна акција на Форумот на жени на СДСМ

Next Post

„Дарувај од срце“ хуманитарна акција на Форумот на жени на СДСМ

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 82

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk