Годинава по петти пат во регионот ќе се одбележи Денот на реката Дрим .
Овој проект го опфаќа басенот на реката Дрим вклучувајќи ги двете Преспански Езера, Охридското Езеро а со тоа и земјите: Грција, Македонија, Албанија, Косово и Црна Гора.
Централниот настан во Македонија годинава ќе се случи на 4 мај – петок од 11 часот во ОУ „Христо Узунов“ во Охрид.
Организатор на настанот – прославата на „Денот на Дрим“ е Здружението „За Трпејца со љубов“ кое во текот на април и до средината на мај заедно со партнерска организација „Интелектуална жена“ од Поградец – Албанија го реализираа проектот : “СИНО – ЗЕЛЕНО наспроти ЦРНО – СИВО” .
Настанот е отворен за сите заинтересирани граѓани на Охрид, Струга и Поградец.
Проектот e финансиран од Глобалниот еколошки фонд – ГЕФ Дримски проект кој се реализира во 5 држави.
Во сабота на 5 мај проектот ќе биде презентиран и во Поградец – Албанија со присуство и на претставници на Здружението „За Трпејца со љубов“.
Се работи за мал грант со вкупна заедничка вредност за двете организации од 6000 американски долари.
Публицитет.мк