• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
четврток, јули 10, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Омнубус

Утре во Охрид завршни активности од проектот: „Поттикнување на вработливоста во туристичкиот сектор“

ноември 28, 2017
in Омнубус

Утре, среда во хотелот „Инекс Горица“ во Охрид во организација  на Германското друштво за меѓународна соработка  GIZ во рамките на LEIWW   Програмата ќе се одржат завршните активности од проектот: „Поттикнување на вработливоста  во туристичкиот сектор“ во чии рамки ќе следи и панел дискусија на тема: „Човечките ресурси како клучен фактор за успешна туристичка понуда“

Заинтерисираноста  за бесплатните обуки за  дефицитарните кадри  угостителство во регионот: бармени/баристи, готвачи, пекари, професионални келнери беше голема. Во две серии на обуки кои се одржаа во Тетово и Охрид беа вклучени 170 кандидати кои утре ќе ги  презентираат научените вештини  и ќе се здобијат и со сертификати за занимањето за кое се обучуваа.    Програмата ја спроведуваше Факултет за туризам и угостителство Охрид  преку тренери со меѓународно искуство и најчесто се повратници од странство.

20171026 161712

Во рамки на проектот се нуди можност за вработување преку неформални програми за квалификација и обука, како и финансиска поддршка за започнување и проширување на мали бизниси.

Утре напладне, поздравни обраќања пред присутните се очекува да имаат:  Бенјамин Мор од GIZ LEIWW, Министерот за регионален развој на Косово Расим Демири, претседателката на Совет на општина Охрид Живка Ангелоска.

Презентација на мерката „Поттикнување на вработувањата  во туристичкиот сектор“ во рамки на  GIZ LEIW програмата ќе одржи Аница Палацо,советник во GIZ LEIWW, презентација на програмата за неформални обуки за избрани професии во туристичкиот сектор ќе има проф.д-р  Ангела Крстаноска – Василеска од Факултет за туризам и угостителство – Охрид.   

IMG 20171024 170928             

На панел дискусија „Човечките ресурси како клучен фактор за успешна туристичка понуда“чиј модератор ќе биде д-р Зоран Тунтев  се поканети  на дискусија  повеќемина практичари од обрзовниот и пиватниот сектор од туризмот и угостителството од Охрид кои ќе се обидат да дојдат до решенија на проблемот со недостигот од стручна работна сила  во туризмот.  

Публицитет.мк      

Посетеност: 62
Share
Previous Post

МАНУ ќе промовира книга од академикот Цветан Грозданов

Next Post

Даниел Кајмаковски и Димитар Андоновски си купија Божикни пештери во Манастирот во Рајчица, купете и вие

Next Post

Даниел Кајмаковски и Димитар Андоновски си купија Божикни пештери во Манастирот во Рајчица, купете и вие

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 62

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk