Македонското Културно уметничко друштво „Илинден“ од Сиднеј утреќе го одржи јубилијениот концерт по повод 50 години постоење,творештво и македонска традиција во Австралија.
Ова друштво половина век на младите Македонци им ги зацрврстува македонските корени и им ги предава традициите и културата на своите македонски предци. Педесет години подоцна младите Македонци организираат огромен спектакл во еден од најпрестижните и познати светски театри – Државниот театар во Сиднеј
Државниот театар во Сиднеј за првпат ќе се соочи со изворна македонска музика ,традиција и ора предавани од дедо на внук, од татко на син – за да не се заборават македонските корени и традиција, претпчена во игра и песна.
И колегите од SBS се вклучија во одбележувањето на големиот јубилеј. Цел месец емитуваа прилози сврзани со педесетгодишниот растеж на друштвото преку разговори со поранешни и сегашни членови на MКУД „Илинден“ и активисти. Но , не застанаа на тоа.
Ваша шанса да станете добитник на кошничка со подароци од СБС
СБС на македонски има подароци за среќен добитник на прославата 50 години КУД „Илинден“ на екстравагантната вечер во State Theatre,Сиднеј, оваа сабота, 26-ти ноември! Се гледаме таму!
Публицитет.мк им го честита јубилејот на сите во МКУД „Илиднен“ и им посакува успешен концерет и уште многу заеднички јубилеи.
Фото: SBS и МКУД „Илинден“
Публицитет.мк