Детскиот едукативен свет од утре ќе биде збогатен со уште една интересна детска приказна.
Градоначалникот Рамис Мерко и Општина Струга со уште една поддршка, овој пат за промоција на детската приказна “Розита” од Даниела Милошеска. Овој проект се смета за мултиетнички затоа што е напишан на македонски, албански и турски јазик.
-И преку оваа трета моја книга, вели авторката Милошевска ,секој напишан збор за најмалите е збогатување на детскиот говор, поттик за размислување и за комуникација.
Промоцијата е закажана за утре – недела во 17.30 часот во Паркот на поезијата во Струга. Промотор ќе биде Ксенија Маказлиева Трајчева.
Публицитет.мк