Проф. д – р Јован Стојаноски не беше само Градоначалник на општина Охрид. Тој беше голем пријател и на општина Дебрца и нејзините граѓани.
И не само пријател. Туку и повеќе од тоа. Неговото семејно потекло е село Ботун, Дебрца.
Тој беше професор на многу студенти од општина Дебрца.
Неговото прерано заминување е голема и ненадоместлива загуба пред се за неговото семејство, академската заедница, граѓаните на општина Охрид, но и за нас, неговите сограѓани од општина Дебрца.
Во знак на жалост и почит кон Неговата личност, утре, 17.12.2018 година, денот на неговиот погреб, знамињата пред зградата на општина Дебрца, село Белчишта ќе бидат спуштени на половина копје.
ОПШТИНА ДЕБРЦА
На Фејсбук сочуство изрази и градоначалникот на општина Дебрца Зоран Ногачески:
-Колку животот понекогаш знае да биде суров и неправеден. Пред неколку дена заедно го пречекавме Министерот за локална самоуправа, заедно дававме изјави за медиумите, а вчера заедно, еден до друг седевме на Националната конференција во Скопје.
А, денес Те нема .
Почивај во мир, мој драг пријателе, проф.д- р Јован Стојаноски, градоначалник на општина Охрид.
Публицитет.мк