На штотуку одржаната 21 „Златна Бубамара“ познатата Маја Оџаклиевска, ја доби наградата за Трајни музички вредности.
Маја се заблагодари за наградата, а крајот изјави дека со пеењето не ѝ оди во последно време, но и покрај тоа таа уште еднаш докажа дека е вистинска дива. Со изведбата на песните „Многу солзи исплакав“ и „Буди добар као што сам ја“ предизвика целата публика да пее, а на крајот таа доби најгласен аплауз од сите.
Во нејзина чест,а се надевам и на Ваше задоволство оваа сабота репризно ќе го емитуваме интервујто со Маја Оџаклиевска за нашиот Публицитет.мк
Преку аудио интервјуто снимено во август 2016 година слушателите ќе запознаат една нова, поинаква Маја – сосема спокојна, смирена и емотивно разгалена ( како езерото во кое без престан гледаше додека разговаравме).
Интервјуто со Маја Оџаклиевска е правено неколку часа пред нејзината шоу програма на фестивалот „Охрид фест“ и тоа на две локации пред хотелот „Александрија“ и во култниот „Аквариус“ таму ни продолжи дружбата.
Вечерта Маја на фестивалската сцена на „Долни Сарај“ прими награда за животно дело од страна на организаторот на „Охрид фест“.
Сабота, 20 часот „Мојот живот, мојот свет“ Автор и водител: Милчо Јованоски
Публицитет.мк