Оваа веќе стара 2015 година полека си заминува и ќе и го препушти времето и местото на Новата 2016 година.
Во миговите кога сите околу нас ги сумираат постигнувањата во разни области време е да им се препуштите на класичните ноти и да ги започнете празнувањата.
Утре од 19 часот ОМУ „Методи Патче“ – Охрид во Центарот за култура „Григор Прличев “ ќе го одржи традиционалниот Новогодишен концерт.

Директорката Емилија Маринова најавува интересни изведби од страна на најдобрите ученци кои во мигот учат во училиштето и полека, но сигурно одат низ светот на класиката.
Публицитет.мк






