Во организација на НУ Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид во петок на 17 септември ќе се организираат 33 Охридски староградски средби 2021.
Средбите ќе се одржат пред платото на Центарот за култура во Охрид со почеток во 19 часот согласно здравствените препораки и протоколите за организација на јавни настани за заштита од коронавирусот. Влезот ќе биде слободен.
ПРОГРАМА:
1.Градски хор Вокс Лихнидос – Охрид
– Дај Дуни
-Елено ќерко
2.КУД Рацин – Кичево
– Нико Нико Меанџико
– Саноќ ле Наде
– Седнав да вечерам
3.Вокално Инструметална група Акустико -Кавадарци
– Во ноќта тивка
– Моме тиквешанче
-Тури Пацо
4.КУД Илинден -Битола
-Сценка Адаптација – Битолски градски игри
со ора и песните – пилето ми пее – Ацано млада невесто
– Ми е мерак да си умрам Гени Мале
5.ЗГ Градски хор Штип 2019 – Штип
– Мојата Серенада
– Дончо Штипјанчето
– Ново Село кај П’џите
6.КУД Пере Тошев – Прилеп
– Што ми е мило мило ем драго
– Праша ли Тинке мајка ти
– Мори чупи Костурчанки
7.Вокално инструментален состав Распеани Радовишани – Радовиш
– На градот мој на Радовиш
– На срце ми… На срце ми….
– Сите се мене запејте
8.ФA Бисери – Охрид
– Сношти поминав заминав
– Давај ме мила мамо
– Софиско оро
Публицитет.мк