Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација.
Вкупно се аплицирани 1.505.469 дози вакцини, а ревакцинирани се 721.156 граѓани.
Вчера вкупно се вакцинирале 7.207 граѓани.
Прва доза вакцина вчера примиле 1.820 граѓани.
55% од населението над 40 години имаат примено барем една доза вакцина.
32% од населението над 18-39 години имаат примено барем една доза вакцина.
Трета доза вакцина вчера примиле 69 граѓани.
Вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата. Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста и се намалува шансата од заболување како и смртен исход од болеста, велат од Министерството за здравство.
Публицитет.мк