• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
недела, ноември 8, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Публицитет

“Вашето здравје – наша цел”порачуваат од „Алта центар“ Струга

март 27, 2021
in Публицитет
“Вашето здравје – наша цел”порачуваат од „Алта центар“ Струга

Центарот за физикална терапија Алта Центар во Струга се занимава со лекување на заболувања областа на  ортопедијата, неврологијата, хирургијата и од  други медицински гранки, од воспалителен, дегенеративен и трауматски карактер на костно-скелетниот и нервно-мускулниот апарат.

Што е Физикалната терапија?

Тоа е примена на електротерапија  за постигнување тераписко дејство. Примената во медицината ја пронашла со откривањето на позитивниот ефект врз структурите на нервно-мускулниот систем.
Со Физикална терапија постигнуваме топлински ефект кој што делува на проширување на крвните садови, постигнуваме аналгетско дејство преку стимулирање на нервните рецептори кои пренесуваат информација за болка, делуваме на зголемување на мускулнтата маса преку стимулација на оштетените нерви, како и силен противоточен и противвоспалителен ефект.
Во
Алта Центар, со најсовремени апарати , од електротерапија практикуваме:

  • ултразвук терапија
  • тенс-транскутна електрична нервна стимулација
  • дијодинамик
  • галванизација
  • интерферентини струи
  • мускулни стимулации
  • нервни електростимулации

20180124 123713

Кинезитерапија

Кинезитерапија (kinesis-движење и therapy-лекување) претставува област од физиотерапијата кој што се занимава со примена на движењата во лекувањето, а целта и е воспоставување на оптимална функционалност на одделните сегменти на телото и на организмот како целина.
Кинезитерапијата како дел од физиотерапијата претставува еден од најважните аспекти на медицинската рехабилитација. Кинезитерапијата претставува примена на систематизирани движења на одделните делови на телото или на цело тело во форма на вежби, со цел зачувуање, воспоставување, развивање и компензација на функциите на локомоторниот апарат, како и на органите и органските системи кои се во директна врска со локомоцијата. Целта на кинезитерапијата е максимално искористување на сите потенцијали на пациентот кој што го третираме, со акцент на оптималното возможно опоравување на оштетената функција на локомоторниот апарат.
Кинезитерапијата се практикува скоро во сите области на медицината, кај голем број заболувања и патолошки состојби, но и со превентивна цел. Апсолутни контраиндикации практично нема, а релативните се малку.
Уште поголемо значење кинезитерапијата добива затоа што преку движењето се доведуваат до ангажирање и преку тоа позитивно се делува и на останатите органски системи: кардиоваскуларниот, респираторниот, нервниот, ендокринолошкиот и др.
Затоа денес кинезитерапијата е најважен дел од рехабилитацијата, не само кај повредите на костно-зглобниот апарат, но и кај болести на срцето, крвните садови, респираторните болести, невролошките, ендокринолошките и други заболувања.
Правилното планирање, прилагодување на вежбите според проблeмот и можностите на пациентот, како и правилното дозирање на оптоварувањето во третамaнот бара добро познавање на таа наука и затоа многу е важно третманот да го изведуваат терапевти со соодветно образование.
Формите на кинезитерапија кои што ги спроведуваме во алта центар се:

  • терапевтски вежби
  • дишна гимнастика
  • постурална реедукација
  • проприоцептивен тренинг (PNF метод)

 20180125 135422

Масажа

Масажата претставува метод при кој што механичката енергија се пренесува врз мускулите и сврзните ткива преку кожата и нејзините структури во вид на притисок и системска примена на специјалните методиски зафати и техники.
Специјализирани сме за повеќе видови масажи:

  • Медицинска
  • Рефлексиона
  • Лимфно дренажна
  • Спортска
  • Релаксациона

Вo алта центар, од 2010година па до денес, со успех лекуваме:

  • Дископатии
  • Лумбоишиалгии
  • Спондилози
  • Периартрити (болки во рамото)
  • Воспалителни, ревматолошки заболувања и трауматски повреди на зглобовите
  • ‘Рбетни деформитети кај деца и возрасни, сколиози, кифози, неправилно држење на телото, рамни стапала
  • Рехабилитација после скршеници на коски, операции на зглобовите
  • Спортски повреди
  • Паркинсонизам
  • Невролошки заболувања, парези, парализи
  • Рехабилитација после мозочен удар
  • Рехабилитација после срцев инфаркт
  • Мигрена,главоболка
  • Дискус хернија

92572075 1475413262631691 4255914369558249472 n

Пишува : Адријана Сулејман, дипломиран физиотерапевт 

Публицитет.мк 

 

Посетеност: 453
Share
Previous Post

Во Охрид денеска нови 60 случаи на ковид-19

Next Post

РСЕ: Пристигнаа 24.000 вакцини, имунизацијата стартува в среда

Next Post
РСЕ: Пристигнаа 24.000 вакцини, имунизацијата стартува в среда

РСЕ: Пристигнаа 24.000 вакцини, имунизацијата стартува в среда

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 453

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk