Деновиве во Корча, партијата Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) одржа прес-конференција во врска со Прогрес-Извештајот за интеграција на Република Албанија во Европската Унија и притоа упати декларација до јавноста и Европската Унија.
„Партијата Македонска алијанса за европска интеграција како единствена Македонска партија што ги претставува интересите на Македонскиот народ во Албанија го поддржува Прогрес-Извештајот за интеграција на Република Албанија во Европската Унија, но изразува длабока вознемиреност и протестира за делот на Извештајот во кој се вели дека во Мала Преспа, Голобрдо и Гора постои бугарско малцинство, предложено од бугарските евро-пратеници Андреј Ковачев и Ангел Џамбаски.
Партијата Македонска алијанса за европска интеграција истакнува дека малцинството што живее во овие простори и во цела Албанија е македонско малцинство, официјално признато во Преспа, иако не и во регионот на Голобрдо и Гора.
Македонците во Албанија не се „Бугари“!
Во Албанија живее македонско, грчко, српско-црногорско, влашко, ромско, бошњачко и еѓипќанско малцинство!
Напорите за признавање на непостоечко “бугарско малцинство“ во Албанија го сметаме како фалсификат на историјата и на вистината!
Неодамна Милчо Јованоски се сретна и разговараше со Васил Стерјовски, генерален секретар на партијата Македонска алијанса за европска интеграција за положбата на македонското малцинство во Албанија и барањата за донесување Закон за малцинствата, воведување на македонскиот јазик во наставата во обласитите каде што живеат Македонци и во поголемите албански градови како и за помошта на матичната држава кон нив.
Со клик на линкот подолу, слушнете го интервјуто во целост:
Последната вест од Тирана е дека Законот за малцинствата се’ уште не е донесен. Министерството за надворешни работи на Албанија која ја раководи меѓу институционалната група за подготовка на законот објави драфт верзија на законот и до 20 јануари 2017 година се праќаа сугестии.
-Ние како малцинство доставивме свои предлози околу законот. Се надеваме дека ќе бидат прифатн. Многу брзо финалната верзија на законот треба да се достави до албанскиот парламент, соопшти за Публицитет.мк генералниот скеретар на партијата Македонска алијанса Васил Стерјовски.






