Кога еден натпревар значи да се биде или не и ќе се извојува победа, тогаш таа победа е уште послатка и позначајна.
Така беше и на вчерашниот дерби натпревар помеѓу Охрид и Велешта конкуренти кои до крајот на првенството грчевито ќе се борат за секој бод кој ќе значи и повисок пласман на табелата и избегнување на најлошото а тоа е испаѓање од второлигашкото друштво.
А се започна онака како што сите симпатизери на Охрид не посакуваа. Гостите со голот на Шпенд Асани уште во 16 минута поведоа со 0 – 1 со овој резултат заврши и првото полувреме.
Во второто полувреме охриѓани заиграа помотивирано и како резултат на таквата игра за пет минути ги постигнаа двата гола. Првиот од пенал во 52 минута кога преку Сашо Шопоски израмнија на 1 – 1 додека во 57 со голот на Мартин Нически охриѓани дојдоа до посакуваното водство од 2 – 1 и до освојување на три бода мошне важни за опстанок.
Иван Аресоноски, Охрид Спорт
Публицитет.мк