• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
сабота, септември 13, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Актуелно

Вечер почнува петтото – јубилејно НА ЗАЈДИСОНЦЕ во Трпејца

јули 20, 2016
in Актуелно

Во Трпејца од 20 до 28 јули годинава по петти – јубилеен пат Здружението за развој и промоција ЗА ТРПЕЈЦА СО ЉУБОВ – Охрид  ќе го  организира културно – забавното лето   „На зајдисонце“ – 2016.

Пред пет  години на манифестацијата  беше претставен  трпејчанецот Никола Павлески и неговите фотографии во кои имаше и мотиви од  селото, а  беа промовирани  и неговите анегдоти под наслов ВЕСЕЛОТО КАЈЧЕ.  Во меѓувреме Павлески напиша нови  25 анегдоти кои се вметнати во новото издание на книгата и дел од нив актерката Марија Кондовска ќе ги прочита утревечер а ќе следи неговата изложба на фотографии под наслов „Од моите патувања“ . За творештвото на Павлески ќе зборува писателот и публицист Мишо Јузмески.

Манифестацијата ќе започне со изведбата на химната „ На зајдисонце“ па видео презентација во чест на петте години од постоењето а ќе настапи и КУД „Ѓердан“ .

Деветдневното  дружење со уметноста и забавата се очекува во име на градоначалникот Никола Бакрачески да го означи  за отворено заменик градоначалникот Ангел Јанев.

Општина Охрид сите изминати и оваа година ја препозна манифестацијата како успешна приказна и е нејзин покровител. 

На чинот на отворањето обраќање ќе има и м-р Нина Момировска, претседателка на Здружението ЗА ТРПЕЈЦА СО ЉУБОВ.

za

Во дописот до медиумите – организаторите од здружението „За Трпејца со љубов“ велат:

Деновиве со нас ќе бидат активистите на Здружението ОПЦИЈА на трибината: ПРЕВЕНЦИЈА ОД КРВНО И СЕКСУАЛНИ ПРЕНОСЛИВИ ИНФЕКЦИИ.

Со Михајло Филев ќе ја откриваме „Тајната на изработка на охридскиот бисер“а  ќе се одржи и атрактивната вечерна музичка променада „Со кајче по езерото“.

На летната сцена ќе го видите документарецот „Охрид, град галерија“ од  м-р Милчо Јованоски, посветен на најпознатите охридски уметници, како и гостувањето на Здружението на пензионери од Охрид и Дебрца. Покрај настапот на КУД „Далги“ годинава ќе има натпревар во шах, домино и табла меѓу пензионерите вечни ривали од Трпејца и Пештани,а членки на Здружението ќе читаат и сопствени стихови инспирирани од убавината на Трпејца и Езерото.  

Наш гостин ќе биде уметнички надарениот Трајан Ристески од Охрид . Тој е музичар, поет и уметник.

За„Рибното богатство на Охридското Езеро“ ќе зборуваме со д- р Трајче Талевски, а по втор пат наши гости ќе бидат уметници од Општина Вевчани,а ние до крајот на летото ќе им возвратиме со посета.

Петта година по ред заедно со манифестацијата буквално и физички и музички растеа   момците од ансамблот „Билјана“.  Во Трпејца ќе ја има втората промоција на второто ЦД

Во забавно – едукативниот дел и годинава ќе продолжат работилницата по англиски јазик со м-р Габриела Неделкоска. Школата за пливање под раководство на професор Соња Думбалова – Делова, како и школите за шах и цртање со Борис Лушески и Слободан Пупиноски. Крај езеро ќе биде организиран и натпревар во ловење риба.  

trpejca

Ќе се одржи традиционалната регата  која го носи името на покојниот основач и прв тренер на клубот Номче Митрески. рекреативната патека „Чоколско“ во близина на селото Трпејца.

Општата цел и концептот на манифестацијата е преку промоција  пред се на познати и признати уметници секој во својата област со поддршка и отворена афирмација на млади таленти кои потекнуваат од Трпејца ( локално ), Охрид – регионално и национално од Македонија и по можност интернационално  да  се збогати културната понуда во ова туристичко место

Здружението „За Трпејца со љубов “ освен културолошка димензија и градење публика за културни настани во една селска средина има за цел и реализација на забавни содржини кои ќе ја подигнат туристичката понуда на Трпејца која е веќе позната на туристичката мапа во Македонија. И во иднина пронаоѓање и поттикнување на таленти од локалната средина да се занимаваат со култура и уметност.  Се стремиме за активен културен туризам. Селаните и туристите заедно учествуваат во активностите, а најголемиот дел се само проследувачи на содржините кои се одржуваат под ведро небо и немаат комерцијален карактер, туку се отворени и бесплатни за сите.

Целна група на манифестацијата НА ЗАЈДИСОНЦЕ се сите од 7 до 77 низ разни форми.

Над 300 жители во Трпејца и потенцијалната бројка од околу 200 до 300 гости во приватните сместувачки капацитети и еднодневни гости во текот на одржувањето на манифестацијата . Се очекува  приредбите и ова лето да ги проследат над 3000 посетители. Искуството покажува дека приредбите се извонредно прифатени од селаните, но и туристите и оценките се повеќе од позитивни. Четири години со ред настаните ги следат не само туристи и жители на Трпејца , туку доаѓаат годишноодморци од соседните Пештани, Градиште и Љубаништа, па дури и од Охрид.

 

 

 

Посетеност: 73
Share
Previous Post

Заврши дваесет и осмата Поетска ноќ во Велестово ( преку збор и слика )

Next Post

ВО ТРПЕЈЦА НА ЗАЈДИСОНЦЕ – 2016 – ПРОГРАМА

Next Post

ВО ТРПЕЈЦА НА ЗАЈДИСОНЦЕ – 2016 – ПРОГРАМА

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 73

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk