ДИК го намали бројот на лица за теренска проверка. Од 100 436, колку што претпладнево беше објавно, на вечерашната седница комисијата соопшти дека 89 383 лица ќе подлежат на теренска проверка.
Причина за намлување на бројот, од ДИК велат дека се записите кои покажале дека повеќе лица се појавиле како сомнителни по повеќе од наведените и за проверка. Административно, пак ќе се проверуваат 107.660 лица.
Во однос на електронските пријави од граѓаните кои до комисијата пристигнале 6795, 6018 од нив ќе ги преземат и експертите , со цел да проверат дали истите се појавуваат и во записите од вкрстената проверка на податоците.
Од ДИК денеска најавија дека се подготвувата за теренска проверка, која ќе почне до крајот на неделава.
ДИК ќе ја започне информативната кампања ОТВОРИ ВРАТА И ПОМОГНИ. Планирано е 374 анкетари треба теренски да ги проверат спорните избирачи.
Анкетарите одговорите ќе ги бараат лично од лицето кое е предмет на проверка, објаснува ДИК. Ако е отсутно, преку член на семејството или преку соседите, анкетарот ќе најави дека ќе дојде повторно. Доколку и вториот пат биде отсутно, близок роднина треба да ги објасни причините.
Лицата кои нема да бидат присутни во моментот кога тимот на ДИК ќе го врши тестирањето, имаат обврска во рок од три дена да се јават во подрчаните одделнија на ДИК. Казни за граѓаните кои ќе одбијат да ги дадат бараните информации, засега од комисијата не предвидуваат.
Публицитет.мк