Премиерот Зоран Заев и лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Хритијан Мицкоски, вечерва ќе имаат лидерска редба на која ќе разговараат за судбината на Специјалното јавно обвинителство и за евентуални предвремени избори во државата.
Поради скратените рокови, Законот за Јавно обвинителство се очекува да биде донесен најдоцна до 15 септември. За да биде усвоен потребно е двотретинско мнозинство од пратениците, а неговото носење е клучно и за евроинтеграциите на земјава.
Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски најави дека ќе го отвори и прашањето за предвремени парламентарни избори кои според него, биле неизбежни, што пак, за власта, тоа не е посакуваното решение.
Лидерската средба ќе се одржи во Собранието на Република Северна Македонија, со почеток во 20 часот.
Публицитет.мк
Фото:Доје Веле