Вечерва од 21 часот во катедралната црква „Св. Сфоија“ во рамките на програмата на „Охридско лето“ следува настапот на камерниот оркестар на МММ.
Камерниот оркестар на музичката младина на Македонија „Саша Николовски-Ѓумар“ е основан пред повеќе од 30 години, како прв сегмент на Летниот музички камп на Музичката младина на Македонија во 1986 година. Денес овој ансамбл претставува прв и единствен од ваков вид на просторите на југоисточна Европа. Составен е од студенти на Факултетот за музичка уметност од Скопје, но во него често може да се сретнат и млади музичари од други земји. Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија со своето музицирање во сиот овој период се наметна како изведувачки состав со високо професионални квалитети. Диригенти и уметнички раководители на оркестарот биле значајни имиња од македонската музичка сцена: Фимчо Муратовски, Горјан Коруновски, Саша Николовски-Ѓумар, Вања Николовски-Ѓумар, Мирослав Спасов, Борјан Цанев, Бисера Чадловска, Олег Кондратенко, но и познати странски диригенти како: Арилд Ремерајт, Миша Кац, Џанлука Мартиненги и др. Досега оркестарот има реализирано повеќе од 90 концерти, одлично прифатени од слушателите и критиката, а добитник е и на национални награди и признанија.
Камерен оркестар на Музичка Младина на Македонија „Саша Николовски-Ѓумар“
Уметнички раководител: Олег Кондратенко
Програма:
Антонио Вивалди (1678-1741) : Лето од Годишните времиња
Солист: Ева Богоевска, виолина
Антон Аренски (1861-1906): Варијации на тема од Чајковск оп. 54 бр.5
Бела Барток (1881-1945): Романски народни танци Sz.55 BB 68
-пауза-
Астор Пјацола (1921-1992) : Лето од Годишните времиња
Солист: Бојан Илкоски – виолина
Елен Блази: Adagio за гудачи
Едвард Григ (1843-1907): Холберг свита оп. 40
- Praeludium (Allegro vivace)
- Sarabande (Andante)
- Gavotte (Allegretto)
- Air (Andante religioso)
- Rigaudon (Allegro con brio
Публицитет.мк