– Јајте- пијте само да немат карајне. Под ова мото во рамките на Научно – уметничката визита на МАНУ во Уранија, вечерва ќе биде отворена изложбата на дела од познатиот македонски уметник Мирослав Масин.
-Со години, децении и векови ние на Балканот се занимаваме со војни и политика. Дедо ми беше поп и еден од основачите на Завод и Музеј во Охрид и тој ме учеше и грчки, нормално македонски и турски поговорки и во еден момент ми текна да ја ставам оваа поговорка на белината на каталогот на наш, македонски јазик. Јадете – пијте, убаво да си го истераме векот. Тоа е мојата порака до сите редум, не само кај нас во, туку и во окружувањево на Македонија, вели за Публицитет.мк уметникот Масин.
Овој пат Масин својата уметничка креативност и несопирлива енергија пред очите на јавноста ја пренесува на чиниите од керамика. Како лајт мотив нема да изостане рибата.
– Одамна се подготвував за нешто ново и ете влегов во теснец. Пајнците, на охридски дијалект гизавршив пред три дена. Значи менито е многу свежо. Ова за мене беше интересно, нов медиум не е платно, не е цртеж. Не сум прв , ниту последен и пред мене правеле чинии Пикасо и Дали на пример,ама мене ми дава еден нов пристап кон сликарството и се надевам ќе ми се отвори некоја нова вијуга во мозоков, вели во интервјуто за Публицитет.мк Масин.
Изложбата во Уранија ќе биде отворена до 18 август.
Чиниите пред да бидат наместени и штотуку дојдени од Скопје во Охрид
Со клик на линкот подолу, слушнете го интервјуто во целост:
Милчо Јованоски /Публицитет.мк