Секоја донација е добредојдена.
Во организација на веб порталот „Охрид Денес“ и бендот Неигхбоурс, а со поддршка на ирскиот паб Даблин и Лабино Саунд, вечерва во 21:00 часот во пабот Даблин, ќе се одржи хуманитарна забава со цел да помогнеме на луѓето чии домови беа уништени од поплавите во Скопје.
Цената на една влезница ќе изнесува 100 денари, а сите пари што ќе бидат собрани ќе бидат уплатени на официјалната жиро-сметка за помош на поплавените подрачја и со таа цел ве покануваме сите кои сте во можност да дојдете на оваа забава и да помогнеме колку што можеме. Вашата поддршка многу би ни значела, апелираат од веб – порталот „Охрид Денес.“
Публицитет.мк