Народниот театар од Охрид со нова премиера и нов приод во театарската игра. Предизвик за охридската актерска екипа предводена од режсерката Софија Ристевска – Петрушева овој пат е вечно актуелниот текст на Тенеси Вилјамс со мал милион изведби по светот „Стаклена менажерија“.
Како ќе изгледа охридската иведба гледачите ќе можат да видат вечерва и утре на сцената на Центарот за култура „Григор Прличев“ а режисерката Ристевска – Петрушева во предлошката за претставата ќе напише: -„Стаклена менажерија“ е претстава за комплексите, несигурноста и суровоста на современиот човек, кој сосема ја загубил солидарноста и сочувството кон послабиот. Во ова време на либерален капитализам, хуманоста полека исчезнува. Стаклена менажерија е емоционално патување низ комплексноста на семејните односи. Претставата е болен крик за големата неспособност на човекот да љуби, вели режсерката Софија Ристевска – Петрушева.
Во најновата претстава на Народниот театар – Охрид играат: Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски, Адријана Билаловиќ – Тодороска, Филип Кипровски.
Со „Стаклена Менажерија“ театарот ќе настапи и на годинашното „Охридско лето“.
Преводот е на Јасмина Петровска. Сценограф: Михаел Димитровски. Костимограф: Андреј Ѓеоргиевски.Кореограф: Кире Миладиноски. Фото и дизајн: Петар Тасевски.
ПРЕМИЕРА 03 ЈУНИ 2018 (недела) – 20:00 ч. Влез: 250 ден.
ПРЕТПРЕМИЕРА 02 ЈУНИ 2018 (сабота) – 20:00 ч. Влез: 200 ден
Публицитет.мк