По првиот протест во средата – вечерв, петок – граѓани на Охрид, Струга и струшките села, активисти и поддржувачи на Граѓанската иницијатива „Протестирам“ повторно протестираа низ улиците во центарот на градот изразувајќи го незадоволството од одлуката на претседателот Ѓорѓе Иванов за аболиција на политичарите.
Граѓаните заедно со „Протестирам“ бараат Иванов да ја повлече одлуката за помилување, а потоа да поднесе оставка на функцијата. Во однос на одлуката за распишување избори, според нив, нема услови за одржување фер и демократски избори на 5 јуни.


Протестот почна на плоштадот кај Стариот чинар, продолжи низ охридската чаршија, пред зградата на Општина Охрид, за да заврши пред Основиот суд. Собирот помина без инциденти, а неколку јајца завршија на фасадата на Општина Охрид. Ккао што пишуваат на ФБ од „Протестирам“ јаца ззавршиле и на фасадата на Основниот суд во Охрид.
Публицитет.мк