После премиерата на фестивалот „Манаки“, краткиот филм „Само ѓаволот се плаши од вода“, во режија на Лидија Мојсо – денеска – среда од 20.00, ќе биде на кино репертоарот на НУ Центар за култура „Григор Прличев“ од Охрид. Влезот е слободен.
Сценарио: Лидија Мојсо и Јаков Поповски
Пријателството на Борис и Кира е ставено на тест, кога Борис, под сугестија на баба му, почнува да се сомнева дека другарка му е под влијание на ѓаволот. Ова води кон недоверливост кон нејзината добрина, се до моментот кога Кира ќе му ја открие вистината за нејзиниот живот
Играат: Ангел Ристоски, Анастасија Јованоска
Продукција: Лист Продукција (MK)
Продуцент: Марија Димитрова
Ко-продукција: Antitalent (HR)
Копродуценти: Маја – Пек Брунес, Катарина Прпиќ
Директор на фотографија: Бранко Аврамовски
Монтажа: Михаил Димитров
Дизајн на костим: Розе Тајческа – Ристовска
Дизајн на продукција: Александра Чевреска
Шминка: Снежана Ангеловска Живковска
Дизајн на звук: Мартин Семенчиќ
Оригинална музика: Ален Синкауз, Ненад Синкауз
Публицитет.мк