Новото Македонско културно друштво „Свети Кирил и Методиј “ од Трентино ги собра за Велигден нашинците од северна Италија.
Големиот христијански празник Велигден беше прославен со македонски обичаи, богата трпеза и песни и ора. Тоа најдобро го потврдуваат фотографиите упатени специјално до редакцијата на Публицитет.мк .
На забавата специјални гости беа претставниците од македонското друштво „Аминта“ од Тревизо.
Претседател на македонското друштво од Трентино е Венко Трпески, секретар Оливер Лекоски а координатор Жарко Балоски
Завчера и во градот Удине претставниците на клубот „Филип Втори“ организирале велигденска прослава и свечена литургија во присуство на македонски свештеник.
Публицитет.мк