Собир во чест на светителката и заштитничка Пресвета Параскева Петка.
Голем број верници во текот на денешниот ден претежно од Пештани и Трпејца се искачија на Галичица над месноста Корита во чест на празникот посветен на света Петка.
Свечената литургија во чест на празникот во присуство на верниците ја отслужи отец Атанас Казанџиски. Денеска, кумството го имаше семејството на Љупчо Клишески а следен кум за 2017 година ќе биде Томислав Бакулески.
Покрај стариот параклис посветен на Св. Петка над Корита лани беше осветен нов дар од младиот Славче Влавчески и неговото семејство од Пештани.
Фотографии: Славче Влавчески
Публицитет.мк