Минатиот топлотен бран го донесе рекордот воопошто измерен во Македонија од кога се мери температурата, 39,7°С во Демир Капија, на 6 септември, а постави нови максимуми во Штип и Скопје.
18 септември пак беше рекорден во Берово, Лазарополе и Крива Паланка.

Најголем скок бележи Берово. Минатиот рекорд забележан на 08 септември 2008 беше 32,7°С додека вчерашниот максимум измерен од страна на УХМР е 33,5°С.
За 0,9°С е надминат рекордот во Лазрополе и тој сега изнесува 31,4°С. Стариот рекорд 30,5°С беше забележан на 15 септември 1987 година.
Во Крива Паланка рекордот од 08 септември 2008 година, 35°С, беше надминат само за 0,2°С и сега изнесува 35,2°С
Останува само Управата за хидрометеоролошки работи официјално да ги потврди овие мерења. Инаку станува збор за класични мерења, со аналогни инструменти, што само додава на тежина на овие мерења на УХМР, бидеќи со автоматските мерења низ светот, па и на Балкан.






