• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
четврток, јули 10, 2025
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Омнубус

Вевчанскиот карневал ќе се одржува од 12-ти до 14 јануари

јануари 4, 2018
in Омнубус
Вевчанскиот карневал ќе се одржува од 12-ти до 14 јануари

Од 12-ти до 14 јануари годинава, во Вевчани ќе се одржи традиционалниот Вевчански карневал. Како што најавија организаторите на денешната прес-конференција, следниот викенд Вевчани ќе биде театар на отворено со изобилство од креативност и импровизација и центар на сатирата за настаните што ја одбележаа минатата година …

 Министерот за култура Роберт Алаѓозовски на прес-конференцијата рече дека Вевчанскиот карневал е бренд на Република Македонија:„Уникатен е зашто успева народните традиции да ги спои со една отворена критичка култура која Вевчанци ја негуваат. Овој фестивал има и огромен потенцијал да го развие руралниот и културниот туризам и ние во таа насока сакаме да го видиме неговиот иден развој. Министерството за култура продолжува да го поддржува карневалот“.
МинистеротАлаѓозовски додеде дека  Вевчанскиот карневал е пример за децентрализација во културата. 
Вевчанскиот карневал со кој се слави доаѓањето на новата година по стариот календар, ќе почне со забава, вечерта на 12 јануари, кога ќе настапат групите Pluto’s Doubts и Фолтин, и диџејот Кирил Џајковски. Наредниот ден, 13 јануари, во 13 часот ќе почне дефилето на маски. Во пресрет на Василица и пречекот на православната Нова година, вечерта на 13-ти Чалгија саунд систем, Џамбо Агушев оркестар и Блага Петреска ќе ги забавуваат василичарите и гостите на Вевчани. Кулминација на настанот е на 14 јануари сретсело со василичарско оро на околу илјада маски. Карневалот ќе заврши тој ден попладне со традиционалното палење на маските. 
„Карневалот годинава е во викенд и очекуваме многу посетители од земјава и од странство. Вевчанскиот е најстар карневал, со најдолга традиција во Македонија и пошироко. Уникатен е и единствен, а учесниците ја имаат сета слобода да критикуваат и иронизираат“, рече на прес-конференција вевчанскиот градоначалник Сашо Јанкоски.
Вевчанскиот уметник Симун Лешоски, автор на дизајнот за пасошот на Република Вевчани и на вевчанските банкноти – личници, зборуваше за сите специфични обичаи за време на карневалот, кој е стар 1400 години и има повеќе од 10 000 посетители.
 
Извор: Министерство за култура на РМ
Посетеност: 65
Share
Previous Post

Денес Ден на виното со Драган Б. Костиќ во рамките на „Од 20-ти до 20-ти СИТЕ ВО ОХРИД“

Next Post

Снег во Флорида

Next Post
Снег во Флорида

Снег во Флорида

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 65

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk