– Иако изминаа цели 28 години, 7 август 1987 година ќе остане за секогаш запечатен не само во историјата на живеењето на Вевчани, туку и во автобиографиите на вевчанци и нивната колективната меморија.
Беше тоа една трагична слика во која тогашната власт, односно партија се обиде на насилен начин да го земи она што му припаѓа на народот – водата. Вевчанци бранејќи ја водата го одбранија и своето огниште, се сеќава за Публицитет.мк новинарот и публицист Мишо Китаноски од Вевчани.
Името на Вевчани доаѓа од топонимот Венчани за водата. Од венчани – станува Вевчани.
Вевчаснкиот случај ја разбранува тогашна Југославија ,а нивното НЕ е запишано во повеќе статии, новинарски извештаи и три книги во кои до детали се опишуваат настаните од далечната 1987 година.
Со клик на линкот слушнете го разговорот со Мишо Китаноски кој зборува и за програмата со која вечерва ќе се одбележи овој историски голем ден за непокроното и слободумно Вевчани.
Автор: Милчо Јованоски / Публицитет. мк