Авторот на книгата „Перспектива на спокојот “ Мајк Марковски по потекло е од тетовското село Беловиште. Растел и живеел во близина на Детроит во САД и во татковината на своите предци бил еднаш кога имал само 14 години.
Марковски по професија е сметководител, но му се остварил и животниот сон сопственото искуство и љубовта кон децата да ги преточи во книга која полека станува бестцелер и е хит на американскиот континент .
Во предговорот на изданието тој ќе напише:
-Сакам да ви се заблагодарам за вашиот интерес за мојата книга, кој во основа ги има мирот и перспективата. Исто така, сакам да го споделам чувството со вас и да Ви кажам зошто оваа книга е од големо значење за мене.
Мировната перспектива исплива од моите најдлабоки убедувања и е одраз на мојот животна цел – помагање на луѓето, особено на децата да го најдат својот мир.
Во Македонија би ме викале по моето крстено име е Мире.
Најверојатно моето име е изведено од зборот МИР
Токму, моето име го одреди и патот во мојот живот.
Признавам дека мојата животна патека тргна по мое убедување по заминувањето од работното место сметководител – контролор и тоа во декември 2012 година.
По повеќе од 25 години поминати во областа на сметководството, знаев дека дојде време да ја следам мојата страст.
Подигањето на тројцата синови, помагајќи им во постојаните нивни тренинзи цели десет години и подучувајќи ги на самодоверба бараа од мене цели 15 години да работам со скратено работно време.
Ги подигнав нив и на тој пат кон мирот и спокојството кој не направи повеќе среќни сите размислував да ги запишам моите искуства. На тој начин преку ена да им помогнам на илјадници родители и деца кои трагаат по спокојството и подоброто место и подобриот начин на живеење.
Мајк Марковски во меѓувреме своите искуства со промоции на книгата по разни средби и конфереции ги споделува со јавноста и како што дознаваме пишува нов труд .
Во меѓувреме ја објавуваме рецензијата на книгата подготвена од актерот Сашо Огненовски.
ПЕРСПЕКТИВАТА НА СПОКОЈОТ НА МАЈК МАРКОВСКИ
МУДРОСТА НА НОВИОТ ВЕК
На самиот почеток на дваесет и првиот век, само десетина години од неговиот фуриозен почеток полн со врвулица од информации и невидена брзина во човековата интеракција се појави една книга која ни подари мудрост и не потсети на есенцијалните човекови доблести. ПЕРСПЕКТИВАТА НА СПКОЈОТ на Мајк Марковски говори за спокојот и самодовербата како основен двигател на патот кон успехот. Конечно така е формулирана и првата глава на оваа исклучително мудра книга. Напишана на само стотина страници и поделена на седум делови со пролог и епилог, оваа книга посочува на најважното чувство кое ќе не насочи кон правилно издигнување на нашите деца – чувството на самодоверба. Посветена особено на децата чие водство од родителите е од огромна важност за нивниот развиток оваа книга низ фантастични примери ги истакнува задачите на спокојниот ум и перспективата на вистинското насочување на критериумот и односот кон животните процеси на најмладите. Не оставајќи простор на надворешните влијанија да го водат духовниот живот на младиот човек, Мајк ја истакнува генералната релација меѓу родителите и децата – самодовербата преку смирениот дух. Така сите нивни односи се фокусираат на реакциите, а не на ситуациите. Сегашниот момент и реакцијата кон него е плод на вистинскиот избор на детето, а вистинскиот избор се гради со љубов, и правилно водство во животот. Љубовта, особено родителската во принцип подразбира спокојство, а не паничност. Овој конгломерат на вистински одбрани доблести е целта на ова извонредно конституирано четиво.Едноставноста со која тој говори за процесот на формирање на вистински критериум на деца предупредува на тоа дека спокојот и самодовербата се нерскинлива врска на духовниот хабитус и на самите родители. Ова е сигурен знак дека книгата е исто од голема корист и за возрасните чие влијание е од најголема важност.
Духовното искуство на човекот покажало дека за најмалите книги се напишани илјадници страници со осврти и толкувања. ПЕРСПЕКТИВАТА НА СПОКОЈОТ на Мајк Марковски е токму таква книга. Слоевита и остро конкретна во исто време ја читаме со едно отворање, но со првиот прочит нема да оставиме назад во полицата. Ќе имаме потреба повторно да ја побараме и да се воодушевуваме на нејзината многузначност.
Конечно, ПЕРСПЕКТИВАТА НА СПОКОЈОТ на Мајк Марковски е цивилизациски допринос кој е бесценет и е истовремено големо богатство за секој што ќе ја има во својата библиотека.
Рецензент: Сашо Огненовски, Битола
Повеќе информации за оваа книга можат да се најдат на веб страницата : www.thepeaceperspective.com
Публицитет.мк