Омилениот претседател во светот”, Хосе Мухика поранешен лидер на Уругвај зборува за вистинските вредности во животот. Неговиот говор за неколку дена е прегледан три и пол милиони пати.
Мухико во краткиот говор зборува за вредноста на парите, и натера многу луѓе да се замислат.
,,Сами си ја создадовме планини од потреби. Купуваме ново, фрламе старо. Тоа е трошење на нашите животи. Кога нешто купуваме ние не плаќаме со пари. Плаќаме со часови од нашиот живот потрошени на заработување пари. Разликата е во тоа што животот е една од работите што не можат да се купат со пари. Животот е се пократок. И жалосно е кога човек така го троши животот и слободата. “ – вели Мухико.
Најсиромашниот претседател, како што го нарекуваат е познат по својата скромност и многубројните хуманитарни дела.
Toj неодамна изјави дека во својата куќа ќе вдоми стотина деца кои ги загубиле родителите во војната во Сирија.
Извор: Фактор.мк