Нашиот редовен читател и проследувач на „Публицитет.мк“ Петар Кочовски од Охрид ни испрати линк од Седмоноемврискиот концерт одржан во салата на Општина Охрид а со ученици од ОМУ „Методи Патче“ – Охрид.
Петар скромно ни напишал: – Ова е дело на мојот син Ѓорѓи Кочовски, подарок за децата и Денот на ослободувањето на нашиот Охрид.
„Публицитет мк “ им благодари на децата – учесници , како и на професорите кои ги подготвувале, раководството на училиштето , а најмногу на семејството Кочовски кое ни го испрати овој видео материјал.
Не случајно го поставивме во рубриката ВО ПОТРАГА ПО ТРАЈНАТА УБАВИНА – децата се нашето најголема радост и богатство,а овој видео запис својата вредност ќе ја има десет и повеќе години потоа.
Публиците.мк






