Десеттна минути пред да надојде народ во тишината на Дом – Галеријата „Резонанса“ писателот Видое Видически и д-р Драги Стефанија имаа интересен неврзан разговор. Темата докрај не ја знаеме, но знаеме дека се навратија на времето кога заеднички ги откриваа вистините за Григор Прличев и културните збиднувања од создавањето на манифестацијата „Прличеви беседи“ до денес. Понекогаш со своите ставови дијаметрално спротивни, но секогаш со меѓусебна почит и уважување. Така беше и за време на промоцијата на монографијата на познатиот уметник и поет д-р Драган Спасески – Охридски.
Публицитет.мк






