По Минхен , еве не во Виена, а за ден – два ќе скокнеме и до Мелбурн
Нашата Бистра Кумбароска специјално за Публицитет.мк во неколку реченици ни пренесува како предновогодишно , таа ја доживува Виена.
Ни посочи и куп фотографии од кои ние како редакција избравме само неколку колку да го доловиме тамошниот амбиент и да ја почуствуваме тамошната магија.
Виена е избран за најубаво накитен град веќе неколку години по ред и маѓепсува со својот декор и светлина.
Со повеќе од 30 мали божиќни пазарчиња на различни локации низ градот, Виена опива со новогодишно расположение, празничен дух и мирис на цимет и згреано вино.
Публицитет.мк