Охридскиот народен театар во петок, на 22 октомври ќе ја одигра теaтарската претстава „Сопружници“ од Вуди Ален, во режија Драгана Таневска.
Претставата ќе се одржи во малата сала на Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 20 часот.
Во неа играат Гејб – Ивица Цонев,Џуди – Елизабета Стефановска,Џек – Никола Тодороски, Сали – Адријана Билаловиќ Тодороска, Мајкл – Филип Кипровски.Сценографи се Борис Далчев и Ванчо Василев, костимограф е Ванчо Василев, а инспициент е Филип Ангеличин – Жура.
-„Сопружници“ претставува песимистичко гледиште за романтичната љубов и бракот. Хуморот во претствата произлегува од реалноста на ситуациите. Ликовите не можат да ги надвладеат своите слабости и желби и затоа влегувааат во апсурдни ситуации кои се комични. Тоа пак, од друга страна е и специфичноста на хуморот на Вуди Ален, кој многу мудро и реално ги анализира ситуациите и карактерите, вели режисерката Драгана Таневска.
Картите по цена од 200 денари се пуштени во продажба на билетарницата при НУЦК „Григор Прличев” – Охрид.
Претставата ќе се одржи согласно здравствените протоколи со ограничен број на публика.
За влез потребно е да поседувате и приложите еден од следниве документи:
-сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примена најмалку прва доза на вакцина против заразната болест COVID-19 и
-сертификат/потврда за прележан COVID-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето.
-сертификатот/потврдата не се однесува за лица под 18-годишна возраст.
Публицитет.мк