Еден од најголемите настани од областа на гастрономијата викендов се одржа во Охрид. Првото издание на “Taste Ohrid 2018” во чии рамки се одржа „Гастро тур“ привлече бројни гости и посетители од земјава и странство кои имаа можност да вкусат специјалитети подготвени од врвни готвачи, меѓу кои е и шефот со Мишелин ѕвезда Џорџо Дијана.
Вистинско доживување за случајните минувачи на кејот „Македонија беше што по нивна желба во паркот пред хотелот „Su“ “ мишелин готвачите приготвуваа специјалитети од локални продукти. Според најавите приготвените јадења со специфични охридски имиња треба да се најдат на менијата во охридските хотели и ресторани.
Гастрономскиот викенд беше збогатен со гала вечера во рестиранот на хотелорт „Su“, на која присуствуваа , градоначалникот на Охрид Јован Стојаноски, претстaвници на дипломатскиот кор во земјата, претставници од Факултетот за туризам и угостителство и други претставници од политичкиот и јавниот живот од градов.
Настанот „Taste Ohrid 2018“ е организиран од Општина Охрид и ЕДЕН – туристички кластер за југозападна Македонија, а поддржан од Швајцарската програма за зголемување на пазарната вработливост.
Извор: www.ohrid.gov.mk