Утре по 23 часот на „Публицитет.мк“ нова приказна од животот и за животот со Марина Чадо, виолинистка и ко-сопственик на Приватното музичко училиште ПИЈАНОФОРТЕ во Скопје.
Марина Чадо родена е во Охрид и првата музичка наобразба ја имала во ОМУ „Методи Патче“, завршила средно музичко во Скопје и патот ја одвел на конзерваториумот „Чајковски“ во Москва“ во класата на професор Чугаева.
Госпоѓа Чадо во својот роден Охрид беше само неколку часа и одвои еден час за нас, и за Вас почитувани читатели и слушатели.
Со неа зборувавме за нејзините корени, детството, семејството, амбициите, кариерата, пријателствата, љубовта, за сопругот – актерот и продуцент Љупчо Тодоровски – Упа , за децата, честите преселби и ред други нешта што се дел од животот.
Марина Чадо во „Мојот живот, мојот свет“ – интересна, несекојдневна, полна со енергија и знаење кое сака несеибично да го пренесе на децата и младите колеги. Бидте со нас – утре по 23 часот.
Публицитет.мк






