Со цел да се спречи ширењето на коронавирусот, авио-компанија „Визер“ ги суспендира линиите од Скопје и Охрид кон Милано, Тревизо и Бергамо до трети април, соопштија од оваа нискобуџетна компанија.
-Патниците кои направиле резервација во овој период ќе бидат автоматски известени и ќе бидат сместени на алтернативни рути во најрано можно време. Сите оние кои имаат букирано директно на wizzair.com или на мобилната апликација на авиокомпанијата ќе добијат известување на нивната електорнска пошта, каде ќе им биде понудена бесплатна повторна резервација, целосен поврат на нивните средства или 120 проценти поврат на цената во кредити. Патниците можат да одберат помеѓу горенаведените опции со кликнување на линкот на нивната електронска пошта и лесно да ја одберат најдобрата опција преку нашата платформа за само-користење, соопшти Визер.
Публицитет.мк