Преку иницијатива на Ученичка заедница од РЦСОО„Ванчо Питошески“- Охрид, беа подготвени топли оброци од страна на учениците и професорите за социјално загрозени семејства во Охрид.
Преку 100 лица, во социјален ризик, стари, осамени, лица со хендикеп, добија вкусен оброк во своите домови доставен од страна на тимовите за логистика на Црвен крст Охрид и ученици од училиштето
Со љубов приготвени, со љубов подарени, велат од училиштето „Ванчо Питошески“.
Публицитет.мк