
Пратеничката од СДСМ Жаклина Лазаревска од Охрид на 3 март годинава до Министерот за образование и наука упатила пратеничко прашање со следнава содржина: Дали конечно ќе се реши проблемот, судбината и статусот на студентите од јавната научна установа “Институт за филм-Филмска академија“ во Охрид?
Министерството за образование до Владата испратило Информација за статусот и состојбите на Филмската академија и студентите со предлог мерки за надминување на проблемот а Владата на седница ја усвоила информацијата и со заклучоци го задолжило ресорното министерство да го реши проиблемот по законски пат и за што покус период.
Пратеничката Лазаревска на денешната седница за пратенички прашања уште еднаш во интерес на инволвираните страни а посебно на студентите од говорницата се заложи за решавање на овој проблем.
Пратеничката Лазаревска побара дополнителни информации од Министерството за образование за, како што рече, низата неправилности детектирани од работната група на МОН и инспекциски служби во посочената високообразовна установа,која ниту по закон за високо образование, ниту по закон за научно истражувачка дејност можела да биде формирана.
Претходно Министерството за образование и наука и предложи на Владата на Република Северна Македонија да ги донесе следниве заклучоци:
1. Владата на Република Северна Македонија ја разгледа и усвои Информацијата за согледување на состојбите и предлагање мерки за надминување на истите во Јавната научна установа Институт за филм – Филмска академија во Охрид;
2. Се задолжува Министерството за образование и наука во рок од 30 дена да донесе Решение за префрлување на студентите од Јавната научна установа Институт за филм – Филмска Академија во Охрид на Факултетот за драмски уметности во Скопје;
3. Се задолжува Министерството за образование и наука, во рамките на одобрениот буџет за 2021 година, да ги обезбеди потребните финансиски средства за реализација на студиската програма на студентите, односно за заокружување на започнатите студии на студентите кои веќе биле запишани и студираа на студиските програми на Јавната научна установа Институт за филм – Филмска Академија во Охрид, на Факултетот за драмски уметности во Скопје;
4. Се задолжува Министерството за образование и наука во рок од 30 дена да изготви и до Владата на Република Северна Македонија да достави Предлог – одлука за престанок и за давање на користење на движни ствари (филмската техника и опрема од ЈНУ Институт за филм-Филмска Академија во Охрид) на Факултетот за драмски уметности во Скопје;да
5. Се задолжува Министерството за образование и наука во рок од 30 дена да склучи Договор за соработка со Факултетот за драмски уметности во Скопје за реализација на студии за запишаните студенти;дскмата
6. Се задолжува Министерството за образование и наука – Државниот просветен инспекторат во рок од 30 дена да изврши вонреден инспекциски надзор во работата на ЈНУ Институт за филм-Филмска Академија во Охрид, како јавна научна установа, согласно Законот за научно- истражувачка дејност;
7. Се задолжува Министерството за образование и наука во рок од 6 месеци да ангажира независна ревизорска куќа која ќе изврши ревизија на досегашното и сегашното работење на ЈНУ Институт за филм-Филмска Академија, Охрид.
Публицитет.мк







