Владимир Четкар денеска, сабота ќе одржи концерт во Охрид на плажа-ресторанот Бонанца каде трета година по ред ќе се реализира настанот Џез, Соул и Фанк на зајдисонце.
На 31 август Четкар со својот сексет ќе настапи во Струмица на градскиот плоштад во рамките на фестивалот Strumica Open Fest додека на 20 септември Четкар ќе има концерт во Битола во склоп на фестивалот на музика од светот.
Четкар на овие концерти ќе настапи заедно со Ѓоле Максимовски, Филип Стевановски, Борислав Веселинов, Мартина Баракоска, Виктор Филиповски, Демир Кантуровски и Александар Златески а на концертот во Битола специјален гостин ќе му биде Битолскиот Камерен Оркестар.
Публицитет.мк