Синоќа и вечерва на репертоарот на киното во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид е македонскиот документарец „Медена земја“ кој полека го освојува светот. Во вчерашното издание на весникот „Нова Македонија“ познатиот очен лекар Владимир Попоски кој живее и работи во Барселона, Шпанија, восхитен од филмот напиша омаж.
До ден-денес се прашувам зошто ме погоди и потресе толку филмот „Медена земја“. Одговорот, кој го барав во себе, сигурно го најдов во оној фантастичен временски блесок во кој се случи магичниот контакт меѓу нас. Уверен сум дека духовната вредност и влијанието на секојдневните настани врз нашите животи не зависат од нивното времетраење, туку од интензитетот со кој се случуваат и така, наједноставно кажано, се формираат незаборавните моменти во душата на еден човек.
Уште истата ноќ, моите шпански пријатели ја добија следнава порака:
„Вечерва го гледав ’Медена земја‘, документарен филм од мојата сакана Македонија. Една вистинска историја, скоро неверојатна, со апсолутни контрасти… нежна приказна што милува, но и толку силна и груба што ранува… таа е толку романтична, но понекогаш и сурова исто така. На прв поглед, изгледа како една многу лична и персонална сказна, но, реално, е космополитна, секојдневна, без одредено место на земјата… која те наведува да се смееш како дете, но и ти ги полни очите со солзи. Ех, какви спротивни чувства осетив во тие 90 минути!
Целиот текст прочитајте го со клик на следниот линк:
https://www.novamakedonija.com.mk/mislenja/pisma/%D0%BC%D0%B5%D0%B4%D0%B5%D0%BD%D0%B0-%D0%B7%D0%B5%D0%BC%D1%98%D0%B0-%D0%BC%D0%B5%D0%BB%D0%B5%D0%BC-%D0%B7%D0%B0-%D0%B4%D1%83%D1%88%D0%B0/?fbclid=IwAR0ordXqnywknxKL8IgwEiB_5w6TSozC5BXlk8pYP80Gb09tez2RIj3wijc
Имам охридско потекло, по мајка сум од Долна Влашка Маала. Сега таму живеат моите родители, така што често сум гостин и уживам да се шетам покрај брегот на езерото. Ме успокојува тој блажен мир.Секое сокаче мепотсетува на безгрижното детство поминато во Охрид.Специфичната архитектура , уметноста на живототи импресивната историја на градот ги чувам љубоморно во моето срце. Толку го сакам, вели за Публицитет.мк Владимир Попоски.
Публицитет.мк