• За нас
  • Рекламирање
  • Контакт
вторник, септември 22, 2026
No Result
View All Result
Advertisement
  •  
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина
No Result
View All Result
Home Аргументи за

Владимир Трајановски од Охрид виртуелно за 2016 награди 35 личности, настани, здруженија, проекти

јануари 10, 2017
in Аргументи за

Оваа иницијатива настана како своевиден револт кон општинските годишни награди или познати како Св. Климентова награда (и повелба).

Во 2013 година, како предлог, на отворениот конкурс, го номинирав нашиот врвен мајстор резбар Димче Јанко. Сметав дека со сиот негов минат труд заслужува највисоко градско признание, една скромна формална потврда на неговиот животен труд. Тој веќе беше навлезен во десеттата деценија од животот, а и здравјето му беше кревко, така што мислев дека е ова вистинскиот момент за да се случи ова признание. Верував дека  новата локална власт ќе има слух, односно ќе ја прифати оваа номинација. Дури пратив неколку пораки до еден познат рецензент, односно неговиот внук, и до моја познаничка, вработена во музејот, да се заземат за овој предлог, но до нив пораките не стигнаа. Таа година наградата ја доби Александар Леко Радиќ. Димче Јанко почина уште во јануари следната година. Бев многу разочаран. Според мене, Леко Радиќ беше помлад, и поживеа уште неколку години, можеше да ја добие наградата веќе следната година. Градот Охрид му остана должник на големиот уметник, занаетчија, мајстор. Не го испочитува достојно неговото животно дело. А резбата е еден од неколкуте специфични охридски сувенири, покрај бисерот и филигранот. Димче Јанко беше еден од врвните мајстори на охридската резбарска школа.

Одлучив да воспоставам свои виртуелни награди, и уште на крајот на 2013 година направив избор од седумдесеттина наши сограѓани, луѓе кои ги знам, но и непознати, најмногу млади, кои направиле нешто во изминатата година, да ги спомнам, да ги споделам нивните успеси, проекти, остварувања, нивните занаети, производи, изложби, дела. Да се испочитуваат во овој момент, а не некогаш во иднината. Направив различни категории, кои не се фиксни. Намерно е избрано ова име, во вид на ознака (или популарно наречен hashtag), за да може да се споделува на социјалните мрежи и да биде блиско и до луѓе кои се од странство. Да делува современо. Првата година описот одеше на македонски, на кирилица, додека од следните години сè беше на англиски јазик.

Многу често нашите сограѓани живеат, работат, творат и во странство, па и нивни пријатели би можеле да разберат за што се работи. Голема благодарност упатувам и до локалните електронски медиуми (меѓу кои секако е и Публицитет.мк), кои споделуваат информации кои ми помагаат да изберам, односно да пронајдам личност, или настан, или проект кој би бил сврстен во следните лауреати. Се случува две години по ред една личност да биде носител на награда во одредена категорија, бидејќи повторно покажала некој успех, или се истакнала со нешто, кое не може да се занемари. Секако, ова не се идеални награди, и не можат сите да се опфатат, сигурно има уште некој талент кој за жал не бил регистриран, но се трудам тоа да е што поретко. Дури и фотографиите кои се објавуваат се црно-бели, со исти димензии, за сите на некој начин да имаат еднакво визуелно претставување. Доколку се земе некој просек, во последниве три години бројот на наградени е 40. Се соочуваме со голем одлив на мозоци, на квалитетни, вредни луѓе, на намалени училишни паралелки, пад на многу општествени вредности. Охрид поседува навистина прекрасни луѓе, кои делуваат во повеќе области. Можеби половина од наградените се тука, во градов, или живеат на релација Охрид – Скопје. Оние кои се во Охрид се трудат со она што го знаат да направат нешто. Тоа нешто секоја година е забележано и споделено. Планот е оваа година да се случи реален настан, како заокружување на „првата петолетка“, но годината е пред нас, се надевам на реализација. 

Во продолжение следува листата на наградените за 2016 година (личности, настани, здруженија, проекти):

 

1 copy copy

1. Тања Стојановска, тенисерка со неколку натпреварувачки успеси, се школува во САД.

 

2 copy

2. Regie Rules, млад диск џокеј кој објави неколку траки и имаше забележителни ремикси.

 

3 copy

3. Виктор Груев, за неговиот изум за детектирање канцерогени клетки со поларизирана светлина. На почетокот на минатата година се сподели видеото на National Geographic посветено на него и неговиот изум.

4

4. Петар Поповски, кој живее во Данска, за серија научни публикации.

5

5. Сена Заде и Кристина Шокароска, за нивниот проект „Единаесет“ (Eleven).

6

6. Викторија Алексовска и Емилија Наумоска, млади пронаоѓачи, наградени на републичка манифестација.

7

7. Агрон Биба, со серија колумни и јавни коментари за политичката и општествената ситуација во државата.

8

8. Сара Климоска, ТВ лице кое имаше голем успех на малите екрани, преку популарната детска серија „5+ Фамилија“ и одличната емисија за млади „Информа“, меѓу другите проекти.

9

9. Letz, креатори на бот (специфична интерактивна апликација) со меѓународно признание. Во групата членува и охриѓанката Ивана Каралиева.

10 copy

 

10. Илина Арсова и Филип Василески (Четкар), освојувачи на врвот Денали, на Алјаска, по втор пат со најголем подвиг, по минатогодишното освојување на врвот Мера на Хималаите.

11 copy

11. Игор Полкап, фотограф кој живее во Австралија, а кој беше мошне активен изминатата година.

12

12. Art for Advocacy, меѓународен семинар кој се одржа во Охрид, по трет пат, кој собра педесеттина млади креативци од регионот.

13

13. „Аквариус“, јубилеј 25 години, веќе култно место за локалното население но и за многуте туристи. Поддржувач на културата и уметноста.

14

14. BOTANY, колекција инспирирана од природата, заеднички проект на Аини дизајн и ЕЈСИ.

15

15. Smart Ohrid, идеја на Стефан Бужаровски, за воспоставување еколошки сообраќај околу Охридското езеро, за намалување на огромните гужви во летните месеци кон охридските плажи и истовремено зачувување на животната средина.

16

16. Љупчо Стојкоски – Лепи, ентузијаст во подводната фотографија и видео, со серија одлични подводни снимки.

17

17. Никола Цветкоски и Властимир Самолов, кои креираа платформа за поврзување на индивидуалните земјоделски производители со производни и угостителски капацитети.

18

18. Rumor Shop,  несекојдневен бутик, или место каде што можат да се најдат уникатни модни парчиња. Еден навистина храбар потег, за оваа специфична средина.

19

19. Adventure Next Balkans, меѓународен настан за афирмација на активен туризам. Локален партнер беше нашиот сограѓанин Александар Јованоски.

20

20. Емилија Карафилоска, автор на краток расказ, наградена на републички конкурс.

21

21. Шила, кафе и смуди бар, раководен од тројца млади охриѓани, кои изминатава година поддржаа многу културни настани.

22 copy

22. Нина Балабан, спортист, која настапи на Олимписките игри во Рио де Жанеиро.

23

 23. Студио за танц „Соната“, неколку пати наградени на домашни и меѓународни натпревари. Изминатата година славеа десетгодишен јубилеј.

24

24. Александра Алексијевска, радио презентер на годината.

25

25. Владимир Четкар, концертен изведувач, со серија многу успешни настапи низ Азија.

26

26. Freepass Ohrid, туроператор со единствени екскурзии и авантури низ природните убавини на регионов.

27

27. Работилницата за рачна изработка на хартија, уникатен промотер на Охрид и традицијата.

28

28. Теквондо клубот „Hwarang-ITF“ од Лескоец, за успешната натпреварувачка година и освоените медалји од меѓународни натпревари.

29

29. Кире Маркоски, младиот фудбалски репрезентативец (по втор пат), за извонредната голгетерска  серија во квалификациите кои ја одведоа младинската фудбалска репрезентација на ЕУРО 2017.

30

30. Климе Охритски, архетип на охриѓанец, лик креиран од Бранко Огњановски, кој изминатава година беше дел од проектот „Фчерашни новости“.

31

31. Ирена Ристиќ, активист на годината, личност која отворено зборуваше за сите општествени проблеми, која помага на разни начини, организира повеќе акции за донирање, згрижување животни итн.

32

32. Натали Башоски, извонреден млад фотограф, која се школува во САД. Изминатава година ја одбележаа портретите на луѓе, на повеќе континенти, во повеќе земји.

33

33. Јане Наумоски, интернет личност на годината, со неколкуте успешни проекти, секоја година изненадува со нешто ново.

34

34. Кристијан Ќосески, неоткриен уметнички талент, изминатава година ја одбележаа серија негови дела. Досега никаде не изложувал, ова беше провокација, поттик за да се претстави во јавност.

35

35. Елена Гогоска, награден млад преведувач, на републичко ниво.

Им честитам на сите наградени, тие се најголеми репрезенти на Охрид, нешто со кое треба да се гордееме. Се надевам дека и новите генерации ќе изнедрат квалитет, а со тоа и овие виртуелни награди да имаат материјал, причина за постоење.

 Сè што е добро треба да се поздрави, да се афирмира, да му се оддаде соодветна почит.

Упатувам благодарност до уредникот на Публицитет.мк кој изрази желба да ја сподели оваа иницијатива на својот медиум.

Владимир Трајановски, Охрид 

Посетеност: 103
Share
Previous Post

Каде е поевтино: во Македонија или во Германија?

Next Post

Општина Охрид ќе помогне во реконструкицјата на изгорената куќа на Музафер Садик

Next Post

Општина Охрид ќе помогне во реконструкицјата на изгорената куќа на Музафер Садик

ИМПРЕСУМ

www.publicitet.mk

ФЛЕШ ПЛУС – ДООЕЛ, ОХРИД

Посетеност: 103

Следете не на:

Контакт: 075 337 010,  е-маил: publicitetpublicitet@yahoo.com  

Техничка реализација: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

©2009-2024. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | 

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Актуелно
  • На минување
  • Култура
  • Публицитет
  • Омнубус
  • Аргументи за
  • Мојот живот, мојот свет
  • Во потрага по трајната убавина

© 2024 Publicitet.mk - Техничка реализација: Arkahost.mk