Овие локални избори во Охрид не видовме големи промени во пристапот на кандидатите, дали се тоа политички партии или независни листи. Се користеа рециклирани проекти и предлози од претходни изборни циклуси, или пак отсуствуваше програма, вели нашиот сограѓанин Владимир Трајановски и додава: – Сметам дека скоро ниедна опција не понуди суштински проекти, односно не беа опфатени многу сегменти од општественото живеење. Поради тоа, решив да направам еден сублимат и да го понудам визуелно прво преку Вашиот медиумски простор, а штом се ажурира општинската интернет страница, и директно на новите советници и градоначалникот. Чекав да поминат изборите и сета еуфорија (која овој пат не беше толку голема).
Опфатени се: културата, спортот, екологијата, урбанизмот, локалната самоуправа, инклузијата и промоцијата на општината. Со по неколку предлози, кои никако да се реализираат, веќе повеќе изборни циклуси. Охрид е посебен град, и заслужува поголемо внимание од страна на советниците и градоначалникот. Дали праксата ќе се промени, ќе видиме, вели Трајнаовски.
Рубриката „Аргументи за…“ е отворена и за други ваши размислувања на други теми кои не тангираат сите. Повелете!
На сите приоритет ни е поубав Охрид и поубав живот во него.
Публицитет.мк