Охриѓани се жртва на погрешните политики на Власта. Ветуваа туристичка атракција а и тоа што е изградено дозволуваат да се уништи. Владата предводена од СДСМ и Градоначалникот Јован Стојаноски одат по народната „Село гори баба се чешла“, рече Кирил Пецаков, претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ – Охрид.
-Охриѓани имаат директни штети и загуби поради неодговорноста на власта, неспособното менаџирање и ненавремената реакција на институциите. ВМРО-ДПМНЕ предупредуваше за високото ниво на водата во Охридското Езеро. Поучени од минатите години, предупредивме дека во наредниот период нивото на водата ќе се зголемува и треба да се рагира. И покрај предупредувањата и првиот пат и сега по вторпат поплавите причинија огромна материјална штета кај објектите долж на целото крабрежје.
За целото ова време каде е кризниот штаб и зошто не се активни заедно со Центарот за управување со кризи во Охрид? Зарем се чекаше да се случи катастрофата и жртви да бидат охриѓани.
Што направиле цело ова време за да придонесат за спречување на овие катастрофи други несакани појави?
Пред сезоната на дождови и топењето на снегот, не е извршено никакво дополнително предпразнење на акумулациите како подготовка за прием на големото количество на вода.
Зошто раководството на ЕЛЕМ, дозволи сериозен пораст на котите на Охридското езеро? Надминатате е и критичната точка, 26 см над макдимално дозволената кота. Зошто не е навремено реагирано за водата да се испушта и полни навремено Шпиље?
Покрај катастрофалните штети има и негативно влијание на земјоделието во целиот регион поради енормната влажност на почвата. Штетите што ги претрпуваат земјоделците се големи.
Одговорност за раководството на ЕЛЕМ мора да има.
СДСМ и Владата најмалку што можат да направат е да им се извинат на сите граѓани што се погодени или живеат во страв од поплавите, веднаш да го разрешат директорот на АД ЕЛЕМ за направените пропусти во работењето.
ВМРО-ДПМНЕ апелира во иднина Владата на СДСМ и раководството на ЕЛЕМ совесно да ја извршуваат функцијата бидејќи ова е недозволиво.
Препорачуваме да ги следат временските прогнози и промени поврзани со водостојот на Охридското Езеро со навремено регулирање за да се избегнат несакани штети, се вели во соопштението по пресот на претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ Кирил Пецаков.
Публицитет.мк